Општина Берово продолжува со превентивни мерки за заштита од Ковид-19

Општина Берово продолжува со заштита на населението по зголемениот број случаи со Ковид-19. За таа цел, како што информираа надлежните, Територијалната противпожарна единица, започна со вонредна дезинфекција на улиците во градот.

-Овие активности, миењето на улиците, урбаната опрема и јавните површини, станаа секојдневна работа, како на  комуналните служби, така и на вработените во ТППЕ во Берово, со цел жителите да се чувствуваат безбедно, информираа надлежните.

Во изминатиов период како што додадоа, во интерес на одржување на јавната хигиена, а  како резултат на спречување на ширење на вирусот КОВИД – 19, ваквите акции беа интензивирани.

-Секако со истите активности по предвидена динамика, ќе се продолжи и во следниот период. Целта е да не се остави ништо на случајноста, туку навремено да се спречи ова зло, кое никого не остави рамнодушен, додадоа надлежните.

Во Берово бројката на активни случаи заклучно со денес, изнесува 55 случаи, додека од почетокот на пандемијата во оваа општина се регистрирани над 200 заразени со коронавирус.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*