Во пехчевско Негрево финишираше проектот „Да ја откриеме природата”.

Во пехчевското село Негрево финишираше проектот „Да ја откриеме природата”. Како што информираше Верица Арнаутовска од Едукативниот центар за зачувување на природата, целта на проектот е зајакнување на капацитетите на Едукативниот центар.

-Меѓу останатите цели на овој проект е да се разработат едукативни приоди и содржини за целите на едукација на центарот и да се стекнат знаење за нивно применување од страната на стручниот и раководен кадар во едукативниот центар во Негрево. Дел од едукативните содржини креаирани во рамките на проектот, беа презентирани и тестирани преку организирање на семејни работилници во Центарот. Реализирањето на овој проект се очекува позитивно да влијае врз работата на Едукативниот центар преку збогатување на едукативните содржини и методи, зајакнување на капацитетите и соодветна афирмација на Едукативниот центар, рече Арнаутовска.

Здружението Едукативен центар за зачувување на природата е граѓанска организација што се занимава и промовира вредности кои се во насока на зачувување на животната средина преку еколошка едукација на посетителите, со акцент на едукативни активности за децата.

Проектот „Да ја зачуваме природата“ е поддржан од Мрежата за рурален развој на СМ, а финансиран од We Effect.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*