Заврши изолацијата за групата од 12 дечиња во градинката „Весели Цветови“ во Делчево

Групата од 12 дечиња кои беа во изолација поради присуството на Ковид-19 кај тројца вработени во детската градинка „Весели Цветови“ во Делчево се вратени во градинката и продолжуваат со воспитно-образовниот процес. Веста ја потврдија од градинката, од каде додадоа дека освен дечињата, на работа се вратени и двајца од вработените.

-На сите им истече решението за изолација, поради што без проблеми по нивното здравје се вратија во градинката. Очекуваме на работа да се врати и готвачот, кај кој беше утврдено присуство на вирусот, неговото решение истекува на 12 ноември годинава, истакнаа од градинката.

Во оваа установа се уште во изолација остануваат две негувателки од објектот бр.1 кој работи во состав на градинката.

-Во овој објект имаме и група од 10 дечиња кои се во изолација. Градинката се придржува до сите предвидени протоколи со цел заштита на останатите вработени, сите се во добра здравствена кондиција и дечињата и изолираните, така што да се надеваме дека наскоро и тие ќе се вратат во градинката без проблеми по нивното здравје, додадоа од градинката.

Како дел од превентивните мерки за заштита во градинката, деновиве како што додадоа од градинката „Весели Цветови“, направена е вонредна дезинфекција на објектот број 1 од страна на Центарот за јавно здравје Кочани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*