Објавен конкурсот за општински стипендии во Делчево

Објавен конкурсот за општински стипендии во Делчево. Согласно конкурсите, како што информираа надлежните, Општина Делчево и годинава ќе доделува 28 стипендии за ученици и за студенти во две категории.

-Годинава Општина Делчево додели 18 ученички стипендии во две категории. Во првата категорија се предвидени 10 ученички стипендии за одлични ученици од II, III и IV година со примерно поведение и ученици чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош. Во втората категорија, Општина Делчево додели 8 стипендии на ученици од СОУ „М.М.Брицо“ Делчево кои постигнале особено висок успех во учењето кои ги исполнуваат условите да се редовни ученици од II, III и IV година со континуиран просечен одличен успех од 4.50 до 5.00 и со примерно поведение, како и ученици кои освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено прво, второ или трето место на државни или регионални натпревари, информираа од Општина Делчево.

Висината на стипендијата за првата категорија изнесува 1.000 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец јануари 2020 година, додека висината на стипендијата за втората категроија ученици изнесува 1.500 денари месечно и ќе се доделува 9 месеци почнувајќи од месец јануари 2021 година.

Годинава како што додадоа од општината ќе се доделуваат и 10 стипендии на студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија, во две категории.

-Во првата категорија, Општина Делчево доделува 6 стипендии на редовни студенти од сите студиски години, освен I (прва), кои се жители на Општина Делчево и студираат на државните универзитети во РСМ, а се редовни студенти со континуиран успех над 8,00 кои не повторувале во текот на студирањето, студенти чии родители се невработени, со ниски месечни примања или приматели на социјална помош. Во втората категорија, Општина Делчево доделува 4 стипендии на редовни студенти од сите студиски години, освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РСМ и кои постигнале особено висок успех во студирањето, редовни студенти од техничките науки и медицински науки од сите студиски години освен I (прва), со континуиран успех од најмалку 8,00 и кои не повторувале во текот на студирањето, редовни студенти од опшествените науки и факултетите од уметностите од сите студиски години, освен I (прва), со континуиран успех од најмалку 9,00 и кои не повторувале во текот на студирањето, додадоа од Општината.

Висината на стипендијата, како што додадоа ќе изнесува 2.000 денари месечно, а се доделува 9 месеци почнувајќи од месец јануари 2021 година. Висината на стипендијата е 3.500 ден месечно, а се доделува 9 месеци почнувајќи од јануари 2021 година. Конкурсот за доделување стипендии е објавен на општинската веб-страница и на локалните медиуми. Потребните документи можат да се доставуваа по пошта и во Архива на Општина Делчево секој ден од 7.30 до 17.30 часот.

Повеќе информации на следниот линк:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*