Зегин со донација визири за учениците од беровските училишта

Поради се поголемиот замав на вирусот Ковид-19, во Берово доделени визири за заштита и безбедност при следење на наставата во услови на Ковид-19. Визирите, како што информираа од општината, ќе бидат распределени во двете беровски деветолетки.

-Визирите кои се донација од општествено одговорната компанија Зегин ќе бидат распределени во двете основни училишта „Дедо Иљо Малешевски” и „Никола Петров Русински”. Голема благодарност до оваа општествено одговорна компанија која во услови на Ковид-19, многу пати се покажа како голем партнер на општина Берово. Компанијата во повеќе наврати помогна со донации на прехранбени пакети за социјално-ранливите категории граѓани, а еве сега и со оваа помош за учениците кои следат настава со физичко присуство, покажува подготвеност за соработка и солидарност, во моментите кога е најпотребно, бидејки заразата е се поприсутна во градот, истакнаа од Општината.

Градоначалникот на општината Звонко Пекевски доделувајки ги визирите на учениците, додаде дека истите се добредојдени за поддршката на напорите на локалната самоуправа во борбата со пандемијата.

Во Берово настава со физичко присуство во моментот следат околу 220 ученици, при што според планираното визири ќе добијат сите ученици.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*