Делчевскиот градоначалник Трајковски со поддршка за кампањата против насилството врз жените

По неодамнешниот случај на обљуба врз жена во Делчево, а по повод Меѓународниот ден за елиминација на насилство врз жените Општина Делчево денес се придружи кон институциите кои му кажаа „не’ на насилството. Како поддршка на кампањата „16 дена активизам“, денес порака испрати делчевскиот градоначлник Горан Трајковски, кој истакна дека дека секој поединец има обврска и општествена одговорност да создава услови и даде придонес во градењето општество, каде насилството врз жените е неприфатливо.

-Убеден сум дека само со лична посветеност и не затворањето на очите пред насилството врз жените, нашето општество ќе излезе победник од овој глобален проблем. Во таа насока се и политиките на Владата: да создаваме општество кое ги заштитува жените и на жртвите им дава сила да се извлечат од средините во кои им се закануваат да молчат и да продолжат со животот без насилство, рече Трајковски.

Во таа насока изрази поддршка на најновиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како едно од најсилните оружја во борбата против сите форми на насилство.

-Во нашата општина заедно со Комисијата за еднакви можности за мажите и жените, со посветено заедничко делување ќе продолжиме да создаваме услови и атмосфера да превенираме, гласно да говориме и да бараме одговорност за какво и да било насилство врз жените, се со цел да ја пренесеме пораката дека насилството врз жените е недозволиво, додаде Трајковски.

Општината како што додаде ќе се придржува до политиките на Владата насочени кон превенција и заштита на жртвите од насилство.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*