Анкета: Пехчевци генерално задоволни од работата на Општината и бараат довршување на приоритетите

Дел од жителите во руралните средини во пехчевскиот регион и градот Пехчево генерално се задоволни од работата на Општината во изминатите три години. За едни добро е што е им изградиле мост, за други обновата на резервоарите и изградбата на улици е она што ги прави задоволни, додека за трети прилично е регулирана патната инфраструктура.

-Последно време многу работи што ни фалеа се средија, вели Веби Џебиров од село Црник.

Енвер Патров од истото село е задоволен од тоа што добиле мост во селото, додека за Ѓорѓи Гоцевски од село Панчарево е задоволителна работата на општината.

-Мислам дека се направи доволно, се направија резервоари нови, улици со бекатон се направија кај училиштето, тука, така што сметаме дека реновирано е се, вели Гоцевски.

Дурак Алиов од село Црник е помеѓу помалку задоволните, вели дека само една улица е направена, додека Јован Секуловски од Пехчево додава дека прилично е регулирана патната инфраструктура.

-Се прави доволно, сака да се помогне на луѓето, прилично е направено еве на пример патишта, водовод и канализација имаме се, дециден е Секуловски.

Сепак помеѓу задоволството на граѓаните, стојат и желбите за она што дополнително треба да се сработи. Во село Црник меѓу најголемите приоритети за жителите е обновата на постоечкиот водовод.

-Ние сме планинско место водата ни е проблем за пиење, секој ветува да се направи да се дополни вода и летоска ја нема, но тоа е само пред избори, после избори веќе никој не се враќа, место да пиеме вода ние кал, кал пиеме, посочува Дурак Алиов.

Веби Џебиров додава дека треба проект за да се обнови водоводот, додека Енвер Патров покрај очекувањата за нов водовод, посочи уште неколку улички кои треба да бидат изградени во Црник.

Како приоритети за следната година градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, ја најави изградбата на социјална зграда, градска капела и реконструкција на 3 километри од патната мрежа во градот.

-Заедно со Владата ќе изградиме социјална зграда во која ќе вдомиме 34 семејства од социјален ризик. Вложуваме со проектот Пехчево без кал, е продолжиме со изградба на улици во сите населени места по претходно утврден приоритет. Во тек е подготовка на техничка документација за изградба на градска капела во градот, вети Тренчовски.

Тренчовски додаде дека само за три години наталожениот долг кој го имал градот, општината успеала да го намали и да бидат раздолжени средства во висина од над 1,1 милиони евра.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*