Црковна богослужба по повод „Воведение на Пресвета Богородица“ во Делчево

Денеска во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Делчево се служеше божествена литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички г.Иларион. Денешниот празник, како што истакна владиката Иларион е посветен на Мајката Божја која по влегувањето во храмот се здоби со Божјата промисла.

-Денеска го славиме нејзиното воведување во храмот, како што знаеме од учењето на црквата нејзините родители кои беа возрасни и праведни Бог ги помилува и им даде рожба по што и самите ветија дека кога ќе наполни три години ќе ја воведат во храмот и ќе ја посветат на Бога. Токму тоа однесување во храмот е денешното празнување, односно нејзиното воведување во храмот божји и по божја промисла влезе во најсветиот дел од храмот и како претсткажување дека таму ќе се смести во неа вечниот Бог и спасител на човечкиот род, истакна Владиката Иларион.

Владиката им посака на верниците Мајката Божја да се бори за сите луѓе, да им подари душевно и телесно здравје да го сочува целиот род од целото ова искушение кое е допуштено од Бога за да верниците да се доближат и повторно да застанат пред Бога.

По одржувањето на литургијата верниците кои ги почнаа Божиќните пости имаа причест во црквата. Литургијата се одржа со почитување на протколите за заштита од Ковид-19 вирусот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*