Делчевската деветолетка го чествува ликот и делото на патронот „Св.Климент Охридски“

Делчево го чествува ликот и делото на првиот словенски епископ Свети Климент Охридски. Како дел од активностите, пред бистата на светецот во дворот на деветолетката кое го носи неговото име, се читаше пригоден реферат за неговиот живот и дело, а свежо цвеќе покрај вработени од училиштето на чело со директорот, положија и делчевскиот градоначалник и претставници од општината.

-Во Охрид „Св.Климент Охридски“ развил школа за да го развива христијанството на разбирлив народен јазик. Тој основал универзитет во Охрид прв од таков вид, не само на Балканот, туку и во целиот тогашен словенски свет. Низ Универзитетот во текот на 30 години поминале над 3500 ученици. Таму се подготвувале ученици, свештеници и уметници кои го продолжиле неговото дело. „Св.Климент Охридски“ е закрилник на македонскиот народ, македонската православна црква и богословија, а по него се именувани многу цркви и училишта меѓу кои и нашето, беше истакнато меѓу другото во рефератот за животот и делото на Св.Климент Охридски.

Одбележувањето на патрониот празник, се реализираше со почитување на сите мерки за заштита од вирусот Ковид-19.

-Во очекување на некои поубави времиња, ви се заблагодарувам на присуството и ви посакувам добро здравје, истакна во честитката до вработените директорот на училиштето Горан Димитровски.

Освен одбележувањето на патрониот празник во делчевската деветолетка, верниците денес го посетија и параклисот посветен на „Св.Климент Охридски“ во Делчево, каде запалија свеќа за свое и здравје на своите семејства.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*