Привршува есенската сеидба во Пијанец

Привршува есенската сеидба во Пијанец. Во делчевскиот регион земјоделците најмногу оваа есен најмногу имаат засеано пченица, додека според податоците од подрачната единица на Министерството за земјоделство во Делчево на второ место од засадените земјоделски култури е јачменот.

-Податоците од терен велат дека на површина од 225 хектари годинава најзастапена е пченицата, потоа јачменот со 160 хектари и р’жта која земјоделците ја имаат засеано на површина од 20 хектари. Сето останато или површински околу 30 хектари се други видови култури, со што вкупната бројка на земјоделски култури кои се засеани на ова подрачје изнесува 450 хектари, информираат од подрачната единица на Министерството за земјоделство во Делчево.

Оттаму додаваат дека интензивните врнежи во Пијанечкиот регион ќе влијаат позитивно врз довршување на есенската обработка на почвата.

-Количините на врнежи се доволни, како за посеаните површини, така и за довршување на есенските земјоделски обврски за обработка на почвата, додаваат од подрачната единица на МЗШВ во Делчево.

Во меѓувреме од подрачната единица на МЗШВ излегоа со известување до земјоделците дека системот за поднесување на барања за органско производство 2020 година е ставен во функција. Пријавувањето за земјоделците како што додаваат е во самите подрачните канцеларии или со најавување на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk на која ќе може да се поднесува електронското барање за органско производство, согласно Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година. Рокот за поднесување на барањата е 25 декември 2020 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*