Новогодишна донација на делчевската библиотека за поддршка во онлајн наставата

Хуман гест на делчевската библиотека. Наместо пари за Новогодишен рекламен материјал, годинава Јавната локална библиотека „Илинден“ одлучи да израдува ученик, кој не е во можност да следи онлајн настава.

-ЈЛБ „Илинден“ годинава одлучи парите предвидени за новогодишен рекламен материјал да ги пренамени за набавка на таблет на ученик чии што родители не се во можност да му купат, со цел полесно on-line наставата. Искрено се надеваме дека нашите пријатели, соработници, членови на Управен Одбор, нашите читатели нема да ни се налутат што оваа година за нова година од библиотеката како подарок ќе добијат обично пенкалце,затоа што сакаме да направиме едно поубаво и хумано дело. Ние не знаеме кај кој ученик ќе отиде овој таблет, тоа воопшто и не ни е важно, ќе го однесеме во ООУ„Ванчо Прке“, наставниците таму најдобро знаат од оние деца кои немаат услови да следат on-line настава, кој ученик најмногу ќе му се израдува и кој најдобро ќе го искористи, рече директорката на билиотеката Биљана Петровска.

Во продолжение изјавата на Петровска:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*