Првото полугодие од учебната 2020/21 во Делчево се одвива без проблеми

Првото полугодие од учебната 2020/21 во Делчево се одвива без проблеми. Ова е констатацијата по денешната средба во чии рамки Советникот за образование Ванчо Новоселски и делчевскиот градоначалник Гора Трајковски ги посетија воспитно-образовните установи во градот и притоа со директорите на двете деветолетки и гимназијата разговараа за досегашните и идните предизвици во училиштата.

-Денеска остваривме средба со директорите на трите образовни институции во Општина Делчево. За време на средбите со директорите но и со родители на дечиња кој што посетуваат настава со физичко присуство разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат училиштата, почитувањето на протоколите наложени од здравствените власти и евентуалните постапки за изолација на ученик кој што е заразен со корона вирус.Од нашата посета може да дојдеме до заклучок дека во целост се почитуваат насоките добиени од Министерството за Здравство и Министерството за Образование и Наука, истакна Трајковски.

Уште еднаш упати повик до наставниците и учениците крајно сериозно како и до сега ги сфатат мерките за заштита од корона вирусот, да бидат одговорни во непреченото одвивање на наставниот процес.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*