Почина творецот на Спомен домот на Разловечкото востание

Георги Константиновски, еден од најзначајните архитекти за македонската архитекура, почина на 90 години на 8 декември, а погребот беше денеска, објави неговиот син на Фејсбук. Константиновски е автор на објектите на Архивот на Град Скопје, Студентскиот дом „Гоце Делчев“, Домот за рекреација во Катлановска бања, Архивот во Охрид, Домот за нега „Сју Рајдер“ во Скопје, Меморијалниот комплекс АСНОМ во Пелинце, Архивот во Штип, Спомен Домот на Разловечкото Востание, Пелинце, Домот на печат во Приштина.

Константиновски дипломирал на Архитектонски отсек на Техничкиот факултет во Скопје во 1956 и припаѓа на првата генерација архитекти од овој факултет. По дипломирањето се вработил во Заводот за урбанизам при Народниот одбор на Скопската околија во Скопје. Во 1958 бил примен како асистент на Архитектонски отсек во Скопје по предметот Проектирање станбени и угостителски објекти. Тука му завршува професионалната кариера како редовен професор во 1995 . Во 1953  бил на стручно усовршување во бирото на архитектот Само Алмоснино и во „Еврејската агенција за урбанизам“ во Израел, а во 1960  во Белград во бирото на архитектот Рајко Татиќ. Магистрирал на универзитетот Јејл, САД во 1965 кај Пол Рудолф и Сергеј Чемаеф.

Работел во Њујорк во Бирото на Јо Минг Пеј, Хенри Коб и Аралдо Кауста. Тој е основач на прогресивната вонинституционална архитектонска група „Андерграунд” во Скопје во 1968 година. По доаѓањето во Скопје, одржал поголем број предавања пред скопските архитекти за современата американска архитектура проследена со дијапозитиви, работејќи интензивно цели две години на пишување книга во којашто ги вклучува големите имиња на сите живи американски архитекти. Токму за оваа цел добил огромен материјал, посебно од фотографии на нивни објекти.

„Книгата со целокупниот материјал не биле никогаш објавени поради фактот што тогашниот директор на печатницата ‘Нова Македонија’ отсечно одбил да печати книги поврзани со американска архитектура“, стои на Википедија за Константиновски.

Во матичната книга на Архитектонски факултет во 1965 година, се појавил на час по матичниот предмет каде се соочува со потешкотии во врска со нострификација на дипломата од Универзитетот Јејл. Избран е за доцент на Архитектонски факултет во 1972 . Во периодот од 1968 до 1995 се стекнал со сите звања од асистент до редовен професор на Архитектонски факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1991 година на Белградското триенале на светска архитектура бил прогласен за најдобар архитект на Југославија и бил вброен во најдобрите 55 светски архитекти.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*