ФК ,,Брегалница Делчево” сигурно чекори кон есенска титула. Спартмани на колена пред ,,сино-белите”

Мирно е на врвот во Третата фудбалска лига – Исток, откако по убедливата победа над Раклиш минатото коло, Брегалница Делчево денес сигурна и во Градско Балдовци каде со 0:3 го совлада домашниот тим на Спартмани.

Стрелци: Александар Илиев ⚽️⚽️
Дарко Пешовски ⚽️

За потврда на епитетот есенски шампион, во последното коло следната недела ФК ,,Брегалница Делчево” го пречекува ОФК Малеш од Берово.

Во продолжение головите од последната средба одиграна во Делчево помеѓу овие две екипи, која делчевци ја добија со 4:3 погледнете ги тука: https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/3724515800926483/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*