Доделени наградите за најдобрите на „Вапцарови бранувања 2020“

Делчевскиот Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров” и годинава ја одржа трационалната манифестација ,,Вапцарови бранувања”. По тој повод беа доделени наградите за учесниците во литературниот конкурс, на кој како што истакна Љупчо Петровски, раководител на литературно-трибинската дејност учесниците се пријавиле со квалитетни творби кои го опишуваат животот и делото на патронот на установата.

-Манифестацијата ,,Вапцарови бранувања” кои се своевиден проект на Центарот за култура и се реализираат со поддршка на Министерството за култура, годинава се одржаа во услови на пандемија. Како Центар за култура по тој повод, а вршејки ја својата работа претходно распишавме поетско-литературен конкурс на кој со свои творби се пријавија доста учесници, од кои ги одбравме најдобрите во категоријата проза и поезија. Можам да кажам дека сите пристигнати песни и раскази беа одлични, што значи дека менторите работеле со учесниците, од кои се надевам дека некој од нив еден ден ќе издаде и своја книга, рече Петровски.

За самите учесници, беше чест да се учествува на литературниот конкурс во чест на Вапцаров.

-Јас сум многу благодарна што сум изберена како првонаградена на овој конкурс и ми беше чест да учествувам на истиот, истакна Искра Георгиевска,  пронаградена во категоријата проза.

Задоволство од учеството на конкурсот изрази и Ева Ивановска, прво наградена во категоријата за поезија.

Реализирањето на настанот според директорот на Центарот за култура, Методи Толевски, покажа дека установата успешно функционира и во услови на Ковид-19.

-Од овој и последните два настани во наша организација сум доста задоволен, бидејки покажавме дека и во време на здравствената криза може да функционираме и дека културата поготово во вакви кризи може да си го најде своето место помеѓу љубителите на пишаниот збор, рече Толевски.

Тој веќе за в четврток го најави одржувањето на Ликовната колонија која се реализира во соработка со Центарот за култура од Кочани, додека кон крајот на месецот како што дополни ќе се одржи и Ликовна колонија во соработка со Центарот за култура од Виница.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*