Голегетерката Ана Димитровска го продолжи договорот со ЖФК „Каменица Саса“ до јуни 2023 година

Најдобриот голгетер во екипата на ЖФК „Каменица Саса“ делчевката Ана Димитровска потпиша нов договор со актуелниот шампион на Македонија во женски фудбал, екипата на ЖФК „Каменица Саса“.

Димитровска е рекордер по постигнати голови за каменичкиот клуб и прва на листата на стрелците оваа полусезона во Прва Женска Фудбалска Лига. Има постигнати 43 голови и како една од капитенките на сениорската екипа е најдобриот централен напаѓач во Првата лига со огромен придонес за освојувањето на шампионската титула минатата сезона. Димитровска исто така беше стрелец на голот во Лига на Шампиони против НСА Софија од Бугарија.

Новиот договор на Димитровска е за наредните 2,5 години со времетраење до 30.06.2023.

На Ана и посакуваме уште многу голови и успеси со актулениот шампион!

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*