Девојче на 11 години намамувано на обљуба од 36 годишник од Двориште

Триесет и шест годишник од беровското село Двориште се сомничи дека вршел намамување на обљуба врз малолетно лице од беровско село. Како што стои во извештајот од Одделението за внатрешни работи, 36 годишниот Д.С телефонски и по пат на социјалната мрежа фејсбук вршел намамување на малолетно лице од беровско село заради што му е поднесена кривична пријава.

-Одделението за внатрешни работи Берово поднесе кривична пријава против Д.С.(36) од с.Двориште, беровско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „намамување на обљуба или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години“. Лицето Д.С. преку социјалната мрежа „фејсбук“  и преку телефонски повици, пишувал и се јавувал на 11 годишно девојче од беровско село наведувајќи го на средба, стои во соопштението од ОВР Берово.

Сторителот како што додаваат од полицијата, намамувањето на обљуба го извршил во повеќе наврати. Во тек се понатамошни дејствија против сторителот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*