Во Берово реализиран проектот ,,Заштита на жителите од една планина долж две реки”

Кејот на река Брегалница во Берово, наскоро ќе блесне со сиот свој сјај, одново изграден, со заштитна ограда, целосно осветлен и ќе го врати сјајот на можеби најпосетеното место, каде што Беровчани, од најмал до најстар,  бележат голем број спомени.

Привршуваат градежните работи  на пешачката патека и заштитна ограда покрај река Брегалница, како и санацијата на кејските ѕидови и осветлувањето  на потегот од поранешниот хотел Македонија, до спојот со мостот на ул. ,,Велко Влаховиќ”.

Градежните работи се дел од имплементацијата на проектот ,,Заштита на жителите од една планина долж две реки”, кој Општина Берово го спроведува во партнерство со Општина Струмјани од Република Бугарија, финансиран од Програмата Интеррег ИПА прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

Вредноста на договорот изнесува 172.072,00 евра, а изведбата на градежните активности е предвидена да биде завршена за неколку месеци.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*