Општина М.Каменица двојно го зголеми износот за поддршка на првото новороденче во 2021

Општина Македонска Каменица двојно го зголеми износот за поддршка на првото новороденче во годината. Ова денес го соопшти градоначалничката Соња Стаменкова која оствари средба со таткото на првороденото бебе во 2021 година, на кого му го врачи чекот со наградата.

-Денес во мојот кабинет остварив прием и средба со нашиот сограѓанин Сашко Гоцевски, татко на Анелиа, првото новороденче во 2021 година. Упатувајќи честитки до семејството Гоцевски за нивната трета рожба, искажав желби за нивно добро здравје, многу радости и среќа во животот. Во име на општина Македонска Каменица им врачив пригодни подароци и вредносен чек од 20 илјади денари наместо досегашните 10 илјади кои се додлуваа претходно, истакна Стаменкова.

Според програмата за новороденчиња на општина Македонска Каменица, освен зголемувањето на средствата за првородено дете во годината, општината ќе ја зголеми и поддршката за секое новороденче родено во 2021 година.

-Наместо поранешните 6.000 денари, ставката за поддршка на секое новороденче кое ќе се роди во Новата година ја покачивме на 10 илјади денари. Сметаме дека на тој начин ќе дадеме мал придонес и поддршка за семејствата со новороденче, додаде Стаменкова.

Првото бебе во Македонска Каменица е девојче кое се роди на 2 јануари 2021 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*