Сообраќајот од Делчево за Скопје пренасочен преку Бигла, за тешки товарни возила и автобуси преку Берово

Поради поголемите одрони кои се наоѓаат на патот Кочани – М.Каменица, сообраќајот од Делчево кон Скопје за лесни возила се пренасочува преку патот Делчево – Бигла, додека за тешки товарни возила и автобуси за Скопје сообраќајот се пренасочува преку патот Делчево – Берово – Виница.

Ова се најновите информации кои ги добивме од надлежните поврзани со застојот на сообраќајот поради одроните на патот Кочани – Делчево. Патот до Македонска Каменица е чист, така што нема забрана за оние кои патуваат на релација Делчево – Македонска Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*