Во тек имплементација на процесот на Зашитено подрачје на Малешевските планини

Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Република Северна Македонија која се спроведува од Фармахем, а поддржана од СДС, Швајцарска агенција за подршка и развој, во тек е имплементација на процес на Заштитено подрачје на Малешевските планини.

Малешевските планини според Деспина Китанова од Македонско еколошко друштво, како подрачје од аспект-важно, биле дефинирани уште во екс Југославија, кога уште во 70 и 80-тите години се идентификувани генералните вредности кои ги поседува ова подрачје.

-Ова особено се однесува на мешаните состојки од бука, бел бор, смрча кои се претставени најдобро во државата на овие простори. Па потоа и во сите други стратешки Малешевијата си заслужува посебно внимание од аспект на зачувување на на природните вредности. Меѓутоа природните вредности не беа детално истражени во изминатите две години, поради што Македонското еколошко друштво заедно со тим од 40-тина експерти работеше на теренот ги идентификуваа оние вредни работи и биолошката разновидност, но и сите оние важни елементи од природата како значајни видови на меѓународно и национално ниво, енедмични ретки видови или видови кои се заштитени со меѓународната легислатива за заштита на природата и беа проценети, вели Китанова.

Врз основа на тоа беше изработен предлог за заштитено подрачје кој што е дефиниран на просторот на Малашевските Планини вклучувајки го просторот на Заменица, Заменичка Река кон Ченгино Кале и дел од Кадиица и Буковик во Општина Пехчево.

-Високопланинскиот предел е опфатен во заштитеното подрачје, дефинирани се и одредени локации кои што имаат исклучителни природни вредности, односно еко-системи кои што се природно сочувани, каде што имаме концентрација и од голем број на вакви видови кои ги спомнавме со меѓународно и национално значење, а таму се дефинирани тие зони со построга заштита, што согласно законот за заштита на природа се предвидени. Предвидена е и зоната за активно управување на мали површини, пред се околу самите зони за строга заштита, едноставно да служат како еден бафер, да се ублажат сите оние негативни влијанија врз овие еко-системи кои што ја сочувале нивната природност и ги поседуваат овие вредности, вели Китанова.

Овој предлог како што додаде беше изработен во соработка со локалните чинители пред се значи двете општини Берово и Пехчево.

-Понатаму беа вклучени Јавното претпријатие за шуми, двете шумски стопанства и од Берово и од Пехчево беа активно вклучени и искомуницирани во дефинирање и на границите и во самите вредности за нивно идентификување и дел од теренските истражувања беа спроведени заедно со нив. Дури од нивна страна беа посочени и некои локалитети како Пецов Чукар, како дел од она што не беше влезено претходно во заштитеното подрачје Споменик на природа, а кои си поседуваат вредности и кои се вклучија во самото заштитено подрачје, рече Китанова.

Во процесот се вклучени и други локалитети во понискиот дел, кои самата шумарска фела ги препознава како значајни од аспект на шумски еко систем, како генетски материјал кој треба да биде зачуван и во процесот на дефинирање на заштитеното подрачје.

-Се обидовме сите оние највредни работи да бидат нели ставени во соодветна форма вклопени во заштитеното подрачје како што се ретките и ендемични видови на растенија, знаете за муволовката, голем број на други видови на растенија особено од инсектите кои се среќаваат само овде на многу мали површини дел од нив се и локални ендеми, значи се сретнуваат само на просторот на Малешевските планини во Македонија и во Бугарија и сето ова нели го прави овој регион важен во национални рамки како природно наследство и затоа се предлага да има зачувување во однос на нашата законска регулатива, додава македонскиот еколог.

Во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија една од програмските активности како што додава Јасминка Пашалиска Андоновска од здружението „Амброзија“ од Пехчево беше насочена на подготовка на еден иновативен и интегриран принцип на управување со шумите на регионот на Малеш.

-Се работи за еден план за одржливо користење на шумите. Во рамки на самиот документ дефинирани се приоритети, документот е усвоен од страна на општините во соработка и со поддршка на Македонски Шуми и подружниците во двете општини. Во моментот се работи на имплементација на дел од приоритетите, исто така со поддршка на Програмата, конкретно се однесува на поддршка на еден приоритет кој се однесува на одржливо користење на ресурсите во правец на поддршка и развој на планински и активен туризам, вели Пашалиска Андоновска.

Самата оваа активност како што дополни, во себе содржи неколку компоненти меѓу кои и изработка на мрежа на пешачки и велосипедски патеки.

-Значи подготвуваме студија за развој на планински туризам, исто така се маркираат мрежа на пешачки и велосипедски патеки, некаде една сериозна површина со должина од околу вкупно 200 километри ќе биде маркирана согласно меѓународните стандарди, патеки кои вклучуваат области околу туристичките региони, како и околу двата града и во следниот период ќе бидат добра основа за развој на активен туризам во овој регион како надополнување на содржините на она што веќе го имаме како туристички потенцијали. Тоа секако е во интеграција и на она што беше донесено како поддршка од страна на Советот на Општина Берово, во Пехчево истата таа одлука беше донесена на 24 декември 2020 година, а тоа е за отпочнување инијатива за прогласување на заштитено подрачје Малешево на територијата на двете општини кое што во иднина го гледаме како зачувување на она што го имаме во регионот и како прилог на локал-иницијатива за локален економски развој за брендирање на регионот, развој на туризмот и придонес за подобро место за живеење на двете општини, додава Пашалиска Андоновска.

Во теренските активности интенција во изминатиот период било заедно со изведувачот на проектот да се вклучи и локалното население.

-Целта беше да ги мобилизираме и младите, да го пробудиме интересот и за планинарење, за возење велосипед, како и интересот за планински водичи и интересот за активна маркација на самите патеки. Така да во целиот процес се вклучени млади од Берово кои поминаа еден процес на обука, за тоа како се маркираат патеки и согласно меѓународните стандарди се иницираше една почетна обука за водичи во планина. Значи ова е нешто што на некој начин се надополнува едно со друго и јас очекувам искрено дека во следниот период ќе имаме повеќе интерес од младите да се вклучат активно во овој дел, не само како корисници на патеките, туку и како водичи во планина кои во следниот период би се нашле како поддршка на некој посериозен туристички пакет во Малешевијата, додава Пашалиска Андоновска.

Активностите на Програмата за зачувување на природата во Македонија која е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, започнаа со имплементација во јануари 2017 и заври заклучно со декември 2020 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*