Се поголем е бројот на корисници на средства од ИПАРД 2 програмата во делчевско

Се поголем е бројот на корисници на средства од ИПАРД  2 програмата во делчевско. Еден од оние кои имаат добиено солидна финансиска поддршка преку инструментот за претпристапна помош за рурален развој е делчевецот Љупчо Јанкуловски кој аплицираше за набавка на агротехнички помагала.

Јанкуловски е корисник на средства од ИПАРД 2 програмата со одобрени средства преку мерката 1 во делот на инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства со кои извршил набавка на четвобразден лозарски плуг агробар, атомизер, агромеханика, фреза со кардан и ѓубре растурач со кардан агримерин. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 211 илјади денари од која оваа инвестиција над 70 отсто од средствата се вратени на неговата сметка.

Јанкуловски обработува 2 хектари земјоделско земјиште на кое одгледува овошни култури, сливи и круши. За поефикасно обработување на овоштарникот, аплицирал и добил договор за набавка на механизација од ИПАРД програмата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*