Поради снегот максимално зголемена посетеноста на Голак

Поради снегот максимално зголемена посeтеноста на делчевската планинска убавица Голак. Граѓаните на Делчево среќни што можеа да го искористат денот за разонода со своите најблиски, апелираа до надлежните што поскоро да се поработи на изградба на инфраструктура за поголемо уживање на снегот во зимскиот период.

-Јас денес сум овде со сноуборд, планината има потенцијал барем за една рекреативна патека за сноуборд да може да се спуштаме. Мислам дека не е многу скапа инвестиција, а ќе биде со тек на време исплатлива, истакна младиот Мато Митев од Делчево.

За граѓаните од средната генерација, потребно е вложување за обнова на детското одморалиште, кое подолго време е руинирано.

-Еве многу луѓе на Голак ама зза жал нема инфраструктура. На надлежните ќе им порачаме да направат што треба за жителите на овој град, тоа е ски-лифт и детското одморалиште, вели делчевецот Драган Тричковски.

На последната седница на делчевскиот совет во 2020 година, делчевскиот градоначалник Горан Трајковски како одговор на советничко прашање потврди дека има интерес од заинтересирани страни за вложувања на Голак. Интересот, како што тогаш информираше Трајковски е за изградба на нов хотел на планината Голак, чија изградба потоа би влијаела и на изградба на останата инфраструктура која е клучна за враќање на препознатливиот сјај на Голак.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*