Крводарувањето во услови на Ковид-19 е безбедно, истакнаа трансфузиолозите на денешната крводарителска акција во Делчево

Продолжува крводарувањето во услови на ковид-пандемија во помалите општини на крајниот Исток.  Иако пандемијата сама по себе си носи ризици, сепак како што истакна Анита Божиновска Петковска од Институот за трансфузиона медицина, таа не влијаела битно да се намали бројот на хумани граѓани, кои на секои три месеци даруваат од животворната течност. 

Во рамки на денешната крводарителска акција која се одржа со хуманите граѓани од Делчево, Божиновска Петкова нагласи дека поради мерките за заштита, практично не постои можност, крводарителите да се заразат со вирусот во текот на дарувањето крв.

-Пандемијата придонесе да ни се појават мали проблеми во однос на снабдувањето со крв, но сепак учесниците во крводарителските акции, се уште со истото темпо се јавуваат и активно учествуваат на крводарителските акции. Во таа насока ќе ја искористам можноста, да ги известам сите оние крводарители, кај кои постои одреден сомнеж, дека можноста за да се заразат со вирусот во текот на дарувањето е сведена на минимум. Нашите екипи ги следат и спроведуваат соодветните протоколи за заштита, така да слободно можеме да ги поканиме оние кои сакаат да даруваат крв, да дојдат на некоја од наредните акции и да бидат хумани, истакна Божиновска Петковска.

Додаде дека делчевската општинска организација на Црвен крст, минатата година покажала добри резултати, што според неа се потврдува со исполнетиот годишен план за крводарување.

Меѓу учесниците во крводарителската акција во Делчево, денес можеа да се забележат повеќе генерации крводарители, а меѓу нив и 26 годишниот Мато Митев, кој досега над 20 пати дарувал крв.

-Денеска ми беше 22 пат како учествувам во крводарителските акции. Сега сум 26 години, а прв пат почнав да дарувам од моја 19 годишна возраст. Освен што дарувам од хумани побуди, да ви кажам право најмногу дарувам и поради пакетчето кое за секој крводарител го подготвуваат од Црвен Крст, рече Митев.

Имам дадено 20 пати крв. Чувството е добро а на младите ќе има порачам да се осудат и да даруваат крв, затоа што е добро за здравјето, додаде Сашко Ѓорѓиевски, крводарител од средната генерација крводарители.

Во рамки на денепната крводарителска акција крв даруваа и вработените во МВР. На оваа акција својата хуманост ја покажаа 26 вработени во МВР. Од Црвен крст Делчево упатија голема благодарност до екипата на Трансфузиона медицина Штип што овозможи оваа акција да се реализираа во најдобар ред.

Воедно им се заблагодарија и на хуманите граѓани кои даруваа крв и спасија нечиј живот.

-Денес се реализира втората крводарителска акција во оваа година во Црвен крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Делчево. На оваа акција својата хуманост ја покажаа 50 наши граѓани дарувајки крв. Голема благодарност и до Blood Bank – TENK што овозможи оваа акција да се реализираа во најдобар ред. Им се заблагодаруваме на хуманите граѓани што даруваа крв и спасија нечии живот, истакнаа од Општинската организација на Црвен Крст.

Следната крводарителска акција како што додадоа, ќе се одржи на почетокот на месец март 2021 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*