Комисијата за социјална заштита и НВО „КХАМ“ во посета на семејството Мемедови и нивното болно едномесечно бебе

Заради утврдување на фактичката состојба на терен и поради нивната изјава дека не добиваат доволно грижа и помош од институциите, вчера семејството Мемедови го посетија претставници на Комисијата за социјална заштита – Делчево и Невладината организација „КХАМ“, кои по извршениот увид, заедно со партнерите од Црвен крст и Здрвствен дом Делчево, информациите за состојбата на Мемедови ги споделија со јавноста.

-При оваа посета утврдено е дека тие се корисници на гарантиран минимален приход од над 8000 денари, констатирано е дека малото бебе нема здравствена книшка и извод, а таткото се наоѓа во тешка здравствена состојба, заради што им е потребна помош. Од наша страна беше дадено правно описменување, односно информации кои им се потребни за издавање извод на детето во Скопја каде е родено и каде мора да патуваат родителите. Вториот чекор е да добијат еднократна парична помош од 20 илјади денари од Центарот за социјални работи, кои треба да послужат за лекување на нивното едномесечно бебе, истакна Зоран Биковски од НВО „КХАМ“ Делчево.

Биковски додаде дека од извршениот увид, исто така е констатирано дека не постојат услови за живеење во прифатилиштето во кое се сместени. Дополни дека ова семејство по одбивањето на социјален стан пред неколку години, ќе добие уште една шанса за добивање стан, каде привремено ќе бидат сместени.

-Ние ова го нарекуваме втора шанса. Сега Мемедови имаат повторно право да аплицираат за стан, за станбено необезбедени луѓе, при што е потребно да ги поднесат сите потребни документи за аплицирање. Поради ова потребно е со семејството да се работи сеопфатно, да се лекува болниот родител, да се обезбедат услови за да можат да аплицираат за секоја помош, но и истовремено семејството да се грижи за нивните деца. Од друга страна Центарот за социјални работи треба да покаже соодветен пристап за да им се укаже психо-социјална поддршка и да ги следи во нивниот напредок, а ние како невладина организација заедно со Црвен крст, хуманитарно и понатаму ќе ги поддржуваме, додава Биковски.

Поради немањето соодветен простор за живеење, апелираше помошта до Мемедови да се доставува во храна и облека.

-За поддршка од финансиски средства треба да се има сериозен пристап, затоа што мора наменски истите да се користат. Во однос на другата помош, потреба во моментот да се доставуваат кревети или други нешта, затоа што истите во моментот нема каде да се сместат, додаде Биковски/

Изрази надеж дека ќе се најде начин да му се помогне на ова семејство, кое од друга страна како што додаде мора да биде одговорно спрема своите деца, со што заедно со институциите ќе се најде решение за нивниот проблем.

Во прифатилиштето каде со своите две деца живеат Мемедови, деновиве помош во прехранбени пакети им беше доставена од Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*