Видео: РК „Охрид“ надмоќен над РК „Делчево“ во ракометниот Куп на Македонија

Екипата на суперлигашот Охрид немаше големи проблеми во денешниот натпревар од ракометниот Куп на Македонија со домаќинот РК „Делчево“ кој избраниците на екс репрезентативецот Раде Стојановиќ го добија со висока разлика и победа од 45:12. Стојановиќ на своите избраници им се заблагодари за максималното залагање, а на домаќините им посака многу успех во понатамошните натпревари.

-Разликата беше евидентна во квалитетот, ние најсериозно ја свативме утакмицата. на моите играчи честитки за победата, на РК „Делчево“ им посакувам многу успех во првенството, рече Стојановиќ.

За тренерот на РК „Делчево“ Гоце Стоиловски искуството од овој натпревар е од пресудно значење за екипата на која ова и беше единствен подготвителен натпревар пред плеј-аут натпреварите во Првата ракометна лига кои продолжуваат овој викенд.

-Честитки до противничката екипа кои заслужено не победија. Ние продолжуваме во плеј-аут ова ни беше прва единствена утакмица за подготвки во услови на ковид-пандемија. Со оглед на условите кои ни дозволуваат ние полека се екипираме за почетокот на плеј-аут, иако денес не бевме комплетни тоа немаше да ја смени кој знае колку сликата на теренот, меѓутоа полека ја собираме екипата за натпревари кои почнуваат во сабота овој викенд, истакна Стоиловски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*