Се погласни најавите за инвестирање во Детското одморалиште на Голак

Се зголемува интересот за Детското одморалиште на Голак, кое повеќе од 30 години стои руинирано и е оставено да се распаѓа на забот на времето. Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски информираше дека се поголем е бројот на заинтересирани луѓе од земјава и странство кои сакаат да инвестираат во обнова на објектот.

-За мене како градоначалник е важно што таа заинтересираност почнува да се движи со конкретни мерки, односно голем дел од тие луѓе сега како да имаат натпревар помеѓу нив кој да биде концесионер, за во наредните 30-40 години да може да стопанисува со ова детско одморалиште позади нас. Тие се интересираат и во локалната самоуправа и во Државните институции за програмите од Европската Унија и ИПА програмата за да го врата сјајот на детското одморалиште како што беше во минатото, истакна Трајковски.

Ова претходно делчевскиот градоначалник го потврди и на седница на општинскиот Совет на коај информираше дека освен за одморалиштето има интерес и за изградба на хотел на планината Голак кој би ги придвиѓил работите и за изградба на соодветна инфраструктура во делот на мини-ски лифт кој и тоа како му е потребен на Голак.

Планината Голак е честа дестинација на делчевци и гостите од соседните градови кои се децидни дека само со обнова на некогаш најпознатиот објект и изградба на други сместувачки капацитети Голак ќе заживее и ќе го добие епитетот на вистински туристички центар кој битно ќе влијае и на заживување на локалната економија во Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*