Членови на ПСК „Голак“ продолжија со посета на малку познати локалитети во Пијанец

Планинари од Планинарскиот-спортски клуб „Голак“ од Делчево со почитување на мерките за заштита од Ковид-19 денес реализираа планинарски марш за посета на малку познати локалитети во Пијанечкиот регион.

Највисоката точка која ја искачиле планинарите како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски била врвот Марин Камен кој се наоѓа на надморска висина од 1083 метри.

-Членови на ПСК „Голак“ Делчево придржувајќи се на мерките од Ковид-19, направивме една кружна планинарска тура на Осоговските Планини во долниот дел на Општина Делчево односно во средишниот дел на нашата област Пијанец. Патеката беше со следна маршута:

  • Црква Св.Ѓорѓи (село Киселица) 740 м.н.в.
  • Киселичка пештера 760 м.н.в.
  • Караула (село Селник) Селник 894 м.н.в.
  • Врв Марин Камен (Граничен камен 80 СФРЈ) 1043 м.н.в.
  • Црква Св.Петка (од 13-ти век) 730 м.н.в.
  • Голобрдска Маала 690 м.н.в. – Црква Св.Ѓорѓи (село Киселица) 740 м.н.в.

Маршот бил долг со вкупна должина од 18.8 километри и се реализирал по убаво сончево време без ветар, со температура од +13 степени целзиусови, со голема видливост и многу позитивна енергија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*