Со палење смреков оган продолжи традицијата за Прочка во делчевската населба Милково Брдо

Домаќинките од населбата Милково Брдо „месеа“ баница, а помладите палеа смреков оган, со што и годинава ја продолжија традицијата за Прочка во Делчево. Граѓаните велат дека целта е да се потсетат помладите на адетите кои порабо се практикувале пред почетокот на Велигденските пости.

-Ова е традиција која е составен од верувањата на овдешното население за празникот Прочка или во народот познат како Поклади. За таа цел домаќинките и годинава месеа баница, а помладите од блиската шума ,,набраа” млади смрекови гранки, која потоа во мало купче во вечерните часови ја запалија и наздравија со постарите за плодна и бериќетна година, истакнаа дел од жителите на Милково Брдо.

Во рамки на одбележувањето како што додадоа не се групирале поради мерките за заштита од коронавирус.

-Живеееме во време на пандемија и затоа одбележувањето помина скромно со помал број учесници и со носење заштитни маски, додадоа постарите делчевци.

Тие посакаа пандемијата да заврши и наредната година традицијата за Прочка да продолжи и понатаму да се практикува во Пијанец.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*