ТМРО Пехчево со барање до Владата за отворање на граничниот премин Пехчево-Симитли

Општинскиот комитет на ТМРО Пехчево од Владата ќе бара изградба и отворање на граничниот премин Пехчево-Симитли. Во писмениот допис до медиумите од раководството на оваа партија велат дека со реализација на оваа идеја ќе се овозможи развој на Општина Пехчево која во моментов е „слепо црево“ во државата.    

-Освен тоа со отворање на овој граничен премин ќе се овозможи непречена комуникација на Македонците од двете страни на границата. Овој патен правец бил во употреба се до 1948 и со негова ревитализација и отварање на граничен премин, ќе се овозможи непречена комуникација помеѓу Пехчево и Пиринскиот дел од Македонија, преку градот Симитли, кој е оддалечен само 10 километри преку овој правец, кој е затворен од политички причини, се вели во писмениот допис на ТМРО Пехчево. 

Патниот правец Пехчево-Симитли е во должина од 7 километри од македонска и 15 километри од бугарска страна. Со евентуалното отвоарање на граничниот премин Пехчево-Симитли, директно за 35 километри Пехчево ке се поврзе со елитниот зимски центар Банско, што според ТМРО значително би допринело за запирање на миграцијата на младите од овие краишта. 

Од партијата најавија дека и понатаму ќе дејствуваат и работат на унапредување и реализирање на ваквите и слични проекти од витално значење за Пехчево и Малешевијата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*