Започна со работа новиот стопански субјект OIL DE

Започна со работа OIL DE нова бензинска станица со кафетерија и маркет, стопански субјект кој според сопственикот Дарко Ќурчиски ќе донесе многу задоволство кај граѓаните, бидејки ќе понуди квалитет во секој поглед од своето работење.

-Благодарам на целата популација, сите луѓе од Делчево, институциите на Општина Делчево и сите што ми помогнаа и ме поддржаа во овој проект. Значи тука нудиме сите видови на горива, дизел горива, бензин горива, плин, многу голем асортиман во маркетот, кафе, различни пијалоци. Горивото е по лиценца на Shell што мислам дека ќе биде нешто плус за граѓаните на Делчево и околината, истакна Ќурчиски.

Плодна и успешна работа на сопствениците им посака градоначалникот Горан Трајковски кој потенцираше дека новите стопански субјекти кои од ден на ден ги има се повеќе во Делчево се двигател на локалната економија.

-Честитки за инвеститорот на кој му посакувам да работат со генерации овде. Како градоначалник и граѓанин мило ми е што инвеститорите во нивните планови и анализи ја согледале можноста за потенцијален развој на нивните бизниси во Делчево и во иднина очекувам да имаме уште многу инвестиции во приватниот сектор, рече Трајковски.

За граѓаните и возачите задоволство е да се има ваков модерен објект.

-Еден од најмодерните објекти, не само во Делчево, туку и во околината. Посакувам да ја унапредуваат дејноста да ја украсат околината и да биде едно пријатно катче и за возачите и за патниците, истакнаа дел од присутните.

Во продолжение видео од денешниот настан:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*