Со акцијата „Подарувам книга“ во Делчево одбележан Отворениот ден на Граѓанско образование

Со акцијата „Подарувам книга“ во Делчево одбележан отворениот ден на Граѓанско образование. Носители на акцијата се учениците од осмо одделение, од деветолетката „Св.Климент Охридски“, а во неа се вклучија и останати ученици и наставници, но и  граѓани кои од дома да донесоа книга или сликовница што веќе ја имаат прочитано и испратија позитивни пораки за значењето на книгата и читањето. 

Како што истакна директорот на училиштето, Горан Димитровски, акцијата треба да придонесе за развој на хуманоста, општествената одговорност, волонтерството  и желбата и љубовта кон читањето, а подарените книги ќе се дистрибуираат во библиотеките по подрачните училишта.

Деветолетката  „Св. Климент Охридски“ oваа учебна година по втор пат организира Отворен ден на граѓанското образование со цел да се промовира новиот концепт на граѓанското образование. За  организацијата на Отворениот ден се задолжени учениците од осмо и деветто одделение под менторство на наставниците по граѓанско образование, но активно учество во сите активности  имаат и учениците од пониските одделенија и  сите наставници и вработени во училиштето.

Во акцијата се вклучи и градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој подари книга и испрати порака дека книгите треба да се читаат, а не да се чита за книгите. 

-Книгата е непроценливо богатство и затоа ме радува овој ден и иницијативата на учениците од ООУ „Св.Климент Охридски“ да подарат книга и ми претставува чест што денеска се вклучувам во акцијата и имам можност да подарам книга. Пораката е хумана, која ќе помогне овие подарени книги да стигнат во рацете на ученици кои ги немаат прочитано. На овој начин се испишува нова практика и волонтеризам и очекувам оваа денешна акција да прерасне во традиција и да се практикува во сите образовни институции во Делчево, истакна Трајковски. 

Учество во акцијата зеде и ЈЛБ „Илинден”.

-Библиотеката се приклучи на акцијата “Подарувам книга” што ја организира ООУ „Св.Климент Охридски”. Оваа акција е за пофалба затоа што дома сите имаме стари книги на кои се трупа прашина и ни зафаќаат простор,а донирани во училиштето, ќе се чуваат во соодветни услови и ќе бидат искористени на најдобар начин, односно ќе се читаат, рече директорката Биљана Петровска.

Планираните активности за Отворениот ден  на граѓанското образование се ученички иницијативи,  а оваа година се реализираат под мотото „Сајбер насилството – немир во детскиот мир“. Сите активности поврзани со сајбер- насилството ќе бидат промовирани на 26 март 2020 година (петок) на ЗООМ- платформата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*