Мини саем на книги во Делчево

Јавната локална библиотека „Илинден“ организира мини-саем на книги. Директорката Биљана Петровска информираше дека на истиот ќе учествуваат 3 издавачки куќи, а поводот е одбележувањето на 23 Април Светскиот ден на книгата.

-Светскиот ден на книгата 23 Април можевме да го одбележиме и со дневен настан но одлучивме повторно да организираме мини саем на книги. последниот саем го организиравме за нова година. Три издавачки куќи ке изложат свои дела Арс Ламина и Антолог кои не биле со саем во библиотеката во последните 3 години како и Просветно дело кои учествуваат на барање на нашите членови млади мајки кои сакаат да набават детска литература за своите деца, истакна Петровска

Изборот на книги и цените како што додаде ќе ги одредуваат самите издавачки куќи, додека библиотеката ќе го организира саемот со сите заштитни мерки.

-Ова значи влегување во читалната еден по еден, задолжително носење на заштитни маски и држење растојание. Саемот ке трае во текот на месец април и тоа од 1 до 30 април секој работен ден. Ги покануваме сите наши сограѓани да го посетат овој саем се надеваме дека изборот и овој пат ќе биде голем, додаде Петровска.

Паралелно библиотеката според планираното на 2 април 2021 година кога се одбележува Светскиот ден на детската литература во соработка со делчевската деветолетка „Ванчо Прке“ ќе се вклучи во одбележувањето на овој датум.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*