Во тек кампањата „Стоп за блокирање на корисници на гарантиран минимален приход“

Делчевската невладина организација КХАМ започна со спроведување на кампањата ,,Стоп за блокирање на корисници на гарантиран минимален приход”.

Целта како што информираше координаторот Зоран Биковски е да се сопре незаконското извршување на социјалниот број кој треба да обезбеди право на живот на корисниците на социјална помош.

-Срествата кои што ги добиваат корисниците на социјална помош се всушност средства кои ќе им овозможат за периодот додека бараат работа или имаат одредена попреченост поради која треба да се лекуваат да не бидат блокирани истите. Значи во тек е блокирање од страна на извршители, на локални самоуправи, на банки, на средства кои се наменети за хуманитарна помош, исплата на минимални социјални пензии, исплата на социјални додатоци, надомрсток за скратено работно време итн, вели Биковски.

Додава дека иако бил потпишан меморандум за соработка помеѓу Комората на извршители, банките и Министетството за труд и социјална политика, сепак како што додава, оваа одредба не се почитува од причина што извршителите не можат да го препознаат социјалниот број, банките постапуваат по закон за платен промет и не смеат да го коментираат извршувањето, а на крај како што додава последиците ги сносат корисниците на гарантиран минимален приход.

-Постапката е следна. Кога не известуваат корисниците на гарантиран минимален приход дека се блокирани, ние ги упатуваме во Центарот за социјални грижи каде добиваат потврда дека се корисници, ги носат кај извршителите, се врши деблокада, меѓутоа од истата причина поради провизија банката им зема над 1400 денари надоместок за извршената услуга. Ова е незаконски и во таков случај треба корисниците да ја судат банката. Како може, некој кој зел кредит, останал без работа, станал корисник на гарантиран мининален приход, свесен е дека должи ма банката и во исто време да ја суди банката, досава Биковски.

Затоа е дециден дека кампањата не е против извршителите и банките, туку за заштита на социјалниот број.

-Затоа што овој проблем се однесува на извршителите, тие велат не го препознаваме социјалниот број, се наоѓаме двапати во исти напор да блокираме и деблокираме, банките да вршат блокада и деблокада, локалните самоуправи да блокираат и деблокираат, значи сите се наоѓаат во небрано, а на крај да повторам последиците ги сносат повторно корисниците на гарантиран мининален приход, дециден е Биковски.

Токму поради ова како што додава направени се интервјуа со над 20 лица од Источниот регион со цел да се лобира кај донесувачожите на одлуки да се заштити конечно социјалниот број преку измена на законот за извршување во делот на законот за платен промет и законот за постапување на МТСП спрема корисниците на социјалниот број. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*