Се продлабочува соработката помеѓу библиотеките од Делчево и Пехчево

Со посета на мини-саемот на книги и литератуирни активности, библиотеките од Делчево и Пехчево, реализираа заеднички активности по повод Светскиот ден на книгата – 23 Април. Како што истакна директорката на матичната библиотека „Кочо Рацин“ од Пехчево, целта е продлабочување на соработката помеѓу двете установи.

-Во рамки на денешната наше присуство го посетивме Саемот на книги кој неколку години Јавната локална библиотека „Илинден“ успешно го организира. Вооедно тука сме и да го одбележиме 23 април Светскиот ден на книгата и авторското право. Од оваа наша посета можам да кажам едно големо „браво„ за тимот библиотекари кои со директорката неуморно работат, со што библиотеката во Делечво е доведена до совршенство. Ова е првиот чекор што го направивме за идна соработка, се надевам ќе имаме уште многу вакви заеднички активности, рече Костадинова.

Од јавната библиотека „Илинден“ најавија возвратна посета на библиотеката во Пехчево.

-Во изминатите години ова е прва посета на нашите колеги од Пехчево. Се надеваме по завршувањето на пандемијата во иднина че реализираме повеќе заеднички активности преку одбележување на значајни настани од областа на книжевноста, рече директорката на ЈЛБ „Илинден“, Билјана Петровска.

Во рамки на настанот со одбрана поезија пред присуните се претставија членови на литературната секција при матичната библиотека „Кочо Рацин“ кои со свои дела, в петок ќе учествуваат на поетскиот фестивалот Пролет, Љубов, Смеа кој ќе се одржи во Свети Николе.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*