
ООУ „ Св. Климент Охридски“ Делчево е едно од десетте училишта во државата во кои ќе се реализира пректот „Сајбер безбедност на стари лица и тинејџери“ организиран од Здружението Подготвеност за Европа, а финансиски поддржан од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.

Проектот ќе се спроведува со „Сајбер Лило“ едукативна онлајн игра наменета за тинејџерите на возраст од 12 до 18 години.
Целта на играта е тинејџерите да научат како да ги идентификуваат главните ризици и закани прионлајн комуникацијата и како да ги спречат или да се справат со нив доколку се случат.
Leave a Reply