Изгоре куќа во беровското село Владимирово

Во пожар во беровското село Владимирово изгоре куќата на две беровски семејства од Скопје. Во сега веќе опожарената куќа живеела Олгица Кушовска која пожарот го забележала околу 2 часот по полноќ. 

-Јас спиев и се разбудив кога нешто силно стресе, си помислив дека е од дождот. Дотрча едно машко од соседството, ми помогна, се качи на скалите, виде дека гори куќата,  рече дека работи струјата и треба да бегаме. Не успеавме да изнесеме ништо од покуќнината. Веднаш тој заврте телефон на полицијата и амбулантата и друди луѓе звонеа, дојдеа  пожарникарите и го изгасија пожарот, рече Кушовска.

Утрото пристигнал и нејзиниот син и сопствениците на другата половина од куќата, кои додадоа дека било доцна да направат било што.

-Сабајле се случило околу 2 часот, Игор се јавил на сестра ми, таа ми се јави мене, во 4 и 20 часот. Ние околу 6 тргнавме од Скопје и има што да видиме. Мајка му на Игор спиела навреме излегла, но гори тоа не успеале да спасат ништо. Причината мислиме дека е струја, нашите осигурачи беа извадени во нашиот дел од куќата. Штетата е огромна се ни беше средено, сега ништо нема, буквално ништо, додаде Николина Јошева, сопственик на едниот дел од куќата.

Игор Јовановски, син на Олгица вели дека среќа во несреќа е што неговата мајка излегла навреме и се спасила. Апелираше за помош за да се расчисти шутот од опожарената куќа.

-Исто ноќеска дојдовме од Скопје, мајка ми внатре беше, среќа што здрав и жива излегла, другото се гледа што е. Сега апелирам до комуналното претпријатие и службите, било кој ако може да ни помогнат да го  расчистиме шутот што остана, па понатаму ќе видиме дали ќе можат и на друг начин да помогнат. Мајка ми тука си спие јас идев понекогаш, сега и они реновираа цел спрат, струја нова стававме, но се отиде у неповрат. Штетите се стопроцентни. Куќата е од дедо ми 50 години стара и сега одеднаш така да отиде на сите ни е тешко, вели Јовановски.

Пожарот го забележала и сосетка од околните куќи која вели дека слушнала татнеж и додаде дека утрото се уште бил забалежлив чадот и огнот кој пожарникарите го смириле, да не се прошири кон околните куќи.

-Сега е под контрола пожарот, ама штетата е голема, мора да се помогне на луѓето, додава пожарникар кој утрово учествуваше во гаснењето на пожарот.

Од СВР Штип го потврдија пожарот и додадоа дека до нив пријавата е евидентирана во 3:40 по полноќ, а увидот е сеуште во тек.

-Утрово во 3.40 часот во ОВР Берово бил пријавен пожар на куќа во селото Владимирово. Во пожарот нема повредени лица, а причинета е голема материјална штета. Со две возила навремено интервенирала екипа од ТППЕ Берово, со што пожарот е локализиран и спречен да се прошири во околните куќи, се вели во соопштението од СВР Штип.

Шеесеет и девет годишната Олгица живее со социјална помош од 6000 денари. Единствената помош што ја добива е од нејзиното семејство кое и обезбедува облека и ја посетува еднаш до двапати месечно. Откако остана без кров над глава нејзината судбина станува неизвесна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*