Видео: Усвоени повеќе одлуки на 52-та седница на делчевскиот Совет

Советот на Општина Делчево во среда (28 април 2021) ја одржа редовната 52 Седница на која се расправаше и се донесоа одлуки по 25 точки од Дневниот ред.

Советниците донесоа Одлука за приоритетен предлог- проект и финансиско учество за регулација на коритото на река Брегалница во централното градско подрачје низводно во должина од 162.22 м. Проектот ќе биде поднесен до Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој по Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2021 година. Проектираната инвестиција со вклучен ДДВ изнесува 6.013,377.42 денари. За негова реализација е потребно да се обезбеди учество од Буџетот на Општина Делчево од 10%.

На Седницата се донесе и Одлука за приоритетен проект за развој на подрачјата со специфични развојни потреби за изградба на дел од велосипедска патека од Делчево до место викано Илин Камен во должина од 72- м. Проектот ќе биде поднесен до Министерството за локална самоуправа, Биро за регионален развој, а по Програмата за развој на подрачјата со специфични развојни потреби за 2021 година. Проектираната инвестиција со вклучен ДДВ изнесува 4.999,893.25 денари. За реализација на проектот „Изградба на Дел од велосипедска патека од Делчево до место викано Илин Камен е потребно да се обезбеди учество од Буџетот на Општина Делчево од 10%.

Освен овие одлуки, пред советниците ги донесоа: Годишниот извештај за работењето на Центарот за развој на Источно-планскиот регион за 2020 година со Годишен финансиски извештај, како и Годишниот извештај за спроведување на Програмата за развој на Источно-планскиот регион за 2015-2019; Завршна сметка на ЈКП „Брегалница“- Делчево за 2020; Годишен извештај за работата на ЈКП „Брегалница“- Делчево за 2020 година; Тримесечен извештај за финансиското работење на ЈКП „Брегалница“-Делчево за период 01.01.2021 до 31.03.2021 година, како и Измената на Годишниот план за вработување на ЈКП „Брегалница“ за 2021 година; Одлуката за доплонување на Програмата за урбанистички планови на подрачјето на Општина Делчево за 2021 година; Програмата за социјална заштита на Општина Делчево за 2021 година, Одлуката за доделување награда на најдобрите ученици од ромска националност во општинските основни училишта; Годишниот извештај за реализирани активности на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата- Делчево за 2020 год. и Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата- Делчево за 2021 година;

На 52-та Седница советниците ги донесоа и одлуките за ослободување од плаќање надоместок за уредување градежно земјиште за добивање решение за адаптација со пренамена на поткровен простор во ООУ „Св.Климент Охридски“и за ослободување од надоместок за уредување градежно земјиште за добивање решение за реконструкција на санитарни јазли во ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево.

Советниците донесоа Одлука за дополнување на Одлуката за определување на населените места во Општина Делчево кои се ослободуваат од такса за јавно осветлување со која Трговското друштво надлежно за дистрибуција на електрична енергија, треба да ги задолжи обврзниците кои живеат во Бумбарско Маало, с. Бигла и Димовско Маало во с. Драмче со комунална такса за јавно осветлување.

Инаку, на Седницата се донесе и Програмата за урбана опрема на територијата на град Делчево, Програмата за работа за превенција, заштита и спасување за 2021г, како и Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Делчево за 2021 година.

Пред почетокот на седницата советничката група на ВМРО ДПМНЕ како што претходно најави на прес побараа да се вметнат три точки на дневен ред по однос на кои би се расправало за парична помош за лекување на лицата кои прележале Ковид-19, месечна помош на лица со посебни потреби и парична помош за Дејан Белогазовски лице кое има потреба за парични средства за операција во Австрија.

Претседателот на Советот и градоначалникот на Делчево за ваквото барање одговорија дека ВМРО ДПМНЕ за вметнување на точките на Дневен ред треба да го почитуват деловникот за работа. Деловникот според претседателот Драган Маневски кажува дека иницијативата за да биде ставена на дневен ред претходно се поднесува до претседателот на Совет. На ова се надоврзаа и советникот Кире Тренчевски и градоначалникот Горан Трајковски кои рекоа дека не се против вметнување на точките, но потенцираа дека за ваквата иницијатива треба да се почитуваат процедурите согласно деловникот и законот со што подоцна би биле ставени на дневен ред и потоа советниците би се произнеле по самите точки.

Во однос на поддршката за Дејан Белогазовски, како што додадоа помош од Советот не е побарана, но доколку има таква иницијатива на некоја од следните седници како што додаде Маневски таа точка ќе биде поддржана.

Дискусиите погледнете ги во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*