Делчево – Новогодишна викенд дестинација за поголем број бугарски државјани

И покрај условите кои ги наметна здравствената пандемија, Делчево и годинава е викенд дестинација за голем број бугарски државјани кои Новата година ја дочекаа во рестораните со организиран дочек на Новата 2022 година. Меѓу нив на прошетка во градот го затекнавме и четиричленото емејство од Асеновград, кои истакнаа дека се чести гости во малото македонско гратче.

-Мора да признаеме имавме многу убав ,,помин” на Новата година. Имаме прекрасна храна во блискиот ресторан каде славевме. И децата се задоволни. Бевме и до блискиот пазар, така што прекрасно е. На аите македонски граѓани им посакуваме среќни празници, истакна семејството од Асеновград.

Меѓу посетителите за празничниот Новогодишен викенд во Делчево имаше и гости од бугарскиот град Пловдив. И тие како дел од анкетата посочија  дека храната е она што најмногу ги привлекла да се одлучат дочекот на Нова година да го ,,резервираат” во делчевски угостителски објект.

-Многу е убаво, за храната немам зборови, а за луѓето, имаат златни срца, навистина прекрасно. За новата година посакувам сите заедбо да се собираме и да славиме како два братски народа, истакна посетител од Пловдив кој заедно со сопругата и пријатели исто така го посетија Градскиот пазар во Делчево.

Освен за дочек на Најлудата ноќ во годината, гости од соседството беа забележливи и во локалните маркети и продавници каде бугарски граѓани рекоа дека се враќаат од прослава на Нова година во Виница, а патем си купуваат поевтина храна со која ќе ја збогатат трпезата за останатите празници кои следуваат. 

Ваквите примери даваат надеж дека со враќањето на бугарските туристи во Делчево, локалната економија повторно ќе заживее, со што ќе се врати добриот глас кој го ,,биеше” Делчево пред корона-пандемијата како примамливо туристичко место со одлична гастрономска понуда за секој гурман.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*