Новогодишни активности на мото-клубот „ЕНДУРО ТИМ“ од Делчево

Делчевскиот мото-клуб „Ендуро“ со доделување новогодишни пакетчиња на најмалите и мото-дефиле им ја честитаа Новата 2022 година на граѓаните на Делчево. Како што информираше претседателот на клубот Виктор Стојановски, идејата за денешниот настан е внесување позитивна атмосфера меѓу граѓаните, со цел да се оттргне вниманието од пандемијата која ја одбележа 2021 година.

-Идејата е токму тоа, да внесеме ведрина во животите на луѓето и воедно да го промовираме нашето здружение, да кажеме дека спортуваме редовно. Ова е адреналински спорт кој сакаме да го развиваме. Иако на почетокот имавме само 20 членови, сега имаме 40 членови.  Во преговори сме со Офф-роад клубот „Голак“ со кој сакаме да се здружиме и да го развиеме овој спорт како локално, така и на државно и европско ниво, со тоа што ќе имаме наши натпреварувачи на некои европски настани, рече Стојановски.

Најави реализација на повеќе настани, кои ќе следуваат во насока на промоција на Делчево како туристичка дестинација.

Граѓаните на Делчево го поздравија денешниот настан на мото-клубот „Ендуро“ посакувајки им многу успеси во претстојната 2022 година.

-Навистина прекрасно, секоја чест за овие момци кои направија вистинска Новогодишна атмосфера, истакна жителка на Делчево.

Изненадувањето на денот, го приреди токму претседателот на клубот Виктор, кој го искористи моментот и ја запроси својата девојка Бранкица, која од денес ќе биде негов животен сопатник, чин за кој двајцата добија голем аплауз од присутните граѓани на Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*