,,Младост без лудост во сообраќајот” – кампања за одговорно учество во сообраќајот

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево претпразнично реализираше дел од кампањите на тема „Брзината убива – вози одговорно“ и „Стоп за управување возило под дејство на алкохол“. 

Активноста како што информираа од Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата се одвиваше со дистрибуција на едукативни флаери со мотото Младост без лудост во сообраќајот.

-Целна група на оваа активност се младите возачи кои преку овие материјали ќе се потсетат за одговорно учество во сообраќајот за време на новогодишните празници, но и за последиците од управување возило под дејство на алкохол и брзо возење, истакнаа од ОСБСП Делчево.

Материјалите, како што додадоа беа дистрибуирани во кафулињата во градот Делчево.

-Со ова материјалите ќе бидат достапни за сите посетители на овие објекти за време на празниците со што директно ќе се влијае на подигнување на јавната свест за безбедно учество во сообраќајот, додадоа од Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, напоменувајки дека активноста била прифатена и поддржана и од сопствениците на кафулињата.

Од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево, апелираа за одговорно учество во сообраќајот за време на празниците и задолжително користење зимска опрема.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*