Австриски пожарникари со Новогодишно изненадување за децата од Пехчево

Деца од Пехчево добија новогодишното изнедадување од Австриските пожарникари, кои изминатото лето учествуваа во гаснењето на пожарите во Малешевијата. Испраќајки им подароци и пакетчиња, пожарникарите од Австрија на најмалите Пехчевци им ја честитаа Новата година упатувајки им пораки, со желби никогаш да не се повтори она што се случи летово кога изгореа илјадници хектари шума во Пехчевско и Беровско. Во својата објава по тој повод во групата наречена Пехчевско Лоби каде се објавени фотографии со подароците Александар Бојчевски напиша:

-Тоа се луѓе со огромни души, луѓе спремни да се жртвуваат, хумани луѓе, херои на денешницата. Со испраќањето на овие подароци пожарникарите покажуваат дека пријателствата кои ги стекнаа ќе траат вечно. Им благодариме за се, истакна по тој повод на фејсбук пехчевецот Александар Бојчевски.

Како надополнување на оваа објава Маркус Еберхарт, австриски пожарникар кој учествуваше во гаснењето на пожарите за 2022 година, со фотографија од противпожарно возило, објавена на социјалните мрежи најави поддршка за градот Пехчево.

-Здраво луѓе на Пехчево, ви посакувам Среќна нова година и ви давам мал поглед на она што ќе се случи во 2022 година. Повеќе информации за донацијата ќе соопштиме наскоро, истакна Еберхарт.

Австриските пожарникари за време на пожарите летото 2021 година беа стационирани на Градскиот стадион во Пехчево и беа вистинска атракција за граѓаните и најмалите Пехчевци, со кои се изродија голем број пријателства, за што сведочат и самите подароци кои дечињата ги добија од нив.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*