Покрената иницијатива за првичен состанок на тема: Враќање на сјајот на Голак

Претседателот на Советот на Општина Делчево Гоце Попов, во објава на својот фејсбук профил покренува иницијатива за првичен состанок кој би се одржал во месец февруарина кој ќе.се разговара за начините за враќање на сјајот на Голак.

ГОЛАК – По долги размислувања во врска со враќање на сјајот на нашиот единствен и преубав бисер – Голак и по отворената дебата на социјалните мрежи,сакам да споделам една идеја и мое видување со Вас.

Оваа идеја нема политичка позадина ниту никаква скриена намера! Сметам дека реконструкцијата и ревитализацијата на одморалиштето е клучна за враќање на голем број посетителите на планината Голак и повторно заживување на туризмот. Оваа реконструкција според моите идеи би можела да започне и да се одвива на два начина.

1.Како граѓани да покренеме иницијатива за распишување на конкурс за избор на најдобро идејно решение за реконструкција на одморалиштето во Голак на кое ке учествуваат сите заинтересирани архитекти инженери ,дизајнери и уметници од градот Делчево (или пошироко), бидејќи сметам дека себично би било еден човек на своја рака да ја преземе таа привилегија и стави свој авторски печат на објект од толку високо значење за сите нас!

2.Вториот начин е да покренеме иницијатива за изработка на идеен проект за реконструкција на одморалиштето во Голак во кој ке учествуваат сите архитекти, инженери, дизајнери, уметници и креативци заедно! Ке разработат заеднички неколку решенија и ке ги понудат јавно и транспарентно на избор на граѓаните на Делчево.

Делчево има докажани професионалци во оваа област на локално, државно и меѓународно ниво.

Ги повикувам сите АРХИТЕКТИ, ИНЖЕНЕРИ, ДИЗАЈНЕРИ, УМЕТНИЦИ, КРЕАТИВЦИ И ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ГРАЃАНИ од Делчево во месец Февруари да одржиме прв координативен состанок кој ке го води највозрасниот инженер на собирот да договориме понатамошен тек на активностите. Еден човек исправен пред толкав предизвик е немоќен да најде решение сам, но како заедница и општество можеме и мораме да се потрудиме да дадеме свој придонес за развојот на Градот.

Само единствени и сплотени можеме да го вратиме сјајот на Голак!

Искрено Ваш
Гоце Попов дипл.инж.арх

Линк до оригиналната објава:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10223864467696766&id=1147860660

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*