,,Делчево во чест на Гоце“ – низа настани по повод 150 години од раѓањето на патронот

Под мотото „Делчево во чест на Гоце“, Општина Делчево во партнерство со  локалните институции и здруженија од областа на културата и образовните институции, од денеска ги започнаа активностите за одбележување на 150-годишнината од раѓањето на визионерот и револуционерот Гоце Делчев. Во рамките на програмата за одбележување на јубилејот од раѓањето на патронот на Делчево, предвидени се повеќе содржини, а настаните започнаа со изложба на најразлични пишани материјали, документации и наслови од архивите на делчевската библиотека кои зборуваат за животот и делото на Делчев.

Воедно, ЈЛБ „Илинден“ во соработка со КУД „Гоце Делчев“ распишаа литературен конкурс на тема „Гоце-наша ѕвезда водилка“ поттикнувајќи ги младите делчевци да творат за ликот и делото на Делчев, а исто така, своја задача имаа и талентираните ученици за ликовна уметност кои подготвија своја мини изложба која ќе биде изложена, во просториите на библиотеката. Доделувањето на наградите на учесниците на конкурсот е најавено за 3 февруари.

Централниот дел од одбележувањето е планирано за 4 февруари, кога покрај достојното положување свежо цвеќе пред споменикот на Делчев во центарот на градот, вечерта со почеток од 19ч во салата од Спомен-домот АСНОМ во организација на КУД „Гоце Делчев“ и Општина Делчево ќе биде организиран свечен концерт на кој ќе настапат промоторите на идејата на Гоце од Делчево: „светот го разбирам како поле за културен натпревар меѓу народите“. На сцената ќе настапат делчевските амбасадори на клутурата низ светот: Пејачката група „Ѓурѓа“, фолклорната група од НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, КУД „Гоце Делчев“, како и Фолклорната група „Копачка“ од с. Драмче.

Во текот на месецот февруари во соработка со Националниот музеј на македонската борба ќе бидат о

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*