Една од најуспешните бизнис приказни во Македонија, Аптекарскиот гигант Зегин, која е лична креација “од нула” и со која раководи Благоја Мехаџински, заедно со своето семејство, денес отвори аптека во Пехчево.
Најголемите новитети на светската фармацевската индустрија, голем асортиман на био производи од Хелти фуд, како и ортопедски помагала, од денес ќе им бидат достапни на Пехчевци во секое време.
Директорот на компанијата, Благој Механџиски, на свеченото отварање истакна дека оваа аптека е една од најефтините аптеки, која со модерна и професионална услуга, на пехчевци ќе им понуди висок квалитет на услуги за нивните потреби.
-Ние долго време се припремавме и на крајот решивме во соработка со градоначалникот на Пехчево, да најдеме услови за да ја отвориме оваа аптека за која секако имаме што да покажеме и дополнително да обезбедиме во следниот период од репертоарот и услугите кои ги нуди компанијата Зегин.
Механџиски истакна дека компанијата се води по правилото каде на прв план се клиентите и поторошувачите,нивната услуга и побарувачка.
-Веќе повеќе години успехот е присутен во компанијата Зегин, а тоа се должи на доброто управување и стратегијата за развој врз основа на најсовремените светски достигнувања во таа област, рече Механџиски.
Градоначалникот, Александар Китански, изразува огромна благодарност до фармацевтскиот гигант – ЗЕГИН, кој станува голем пријатели на Пехчево.
-Пехчевци добија модерна и најснабдена аптека со над 3000 производи со најниски цени во државата. Јас како градоначалник на општина Пехчево, во име на сите граѓани, изразува исклучителна благодарност кон нашиот голем пријател компанијата „Зегин“ и фамилијата Механџиски и посакувам успешна работа. Зегин станува голем пријател на Пехчево и на самата општина, вистински пример за општествено одговорна компанија која вложува и поддржува во својата средина и општеството“, рече Китански.
Китански додава дека слоганот ЗЕГИН го оправдува своето над три децениско постоење:
З – здравје за сите
Е – едукација на сите полиња во здравството
Г – гаранција за вашето и нашето здравје
И – информација од сите за сите (лекари и пациенти)
Н – надеж за сите болни
Leave a Reply