Со отворениот настан ,,Посветено на жените” продолжува кампањата за бесплатна правна и психо-социјална помош

Во рамки на отворениот настан „Посветено на жените“, во Делчево промовирани активностите на Невладината организација „КХАМ“ кои се дел од кампањата за бесплатна правна и психо-социјална помош за маргинализирани групи и жени. Кампањата како што информираше извршниот директор на „КХАМ“, Бети Толевска опфаќа повеќе фази во чии рамки е опфатена и денешната дебата.

-Целта на кампањата е да ја промовираме канцеларијата за бесплатна правна и психосоцијална помош која што Невладината „КХАМ“ ја пружа на своите клиенти, бидејки тоа е е еден сегмент кој што нашите корисници многу малку го користат. Затоа нашата цел е да им го доближиме како пакет на услуги за да можат да си ги остварат своите права, а во исто време да се заштитат самите себе, рече Толевска и воедно апелираше сите оние кои имаат потреба од таква помош да се јават во канцеларијата на „КХАМ“ во Делчево.

Ирена Цветковиќ, извршен директор во коалицијата Маргини која е еден од спроведувачите на Програмата за пристап до правда, додаде дека идејата на целата програма е гласно да се зборува за маргинализираните заедници, и тој пристап да се децентрализира преку отворање на вакви сервиси, онаму каде што ги нема.

-Од тука е интересот за Делчево како еден од важните градови во источниот регион каде сите девојки и жени кои се соочуваат со правни проблеми во насока на прекршување на човековите права ќе можт на едно место во Невладината „КХАМ“ да добијат бесплатна правна помош, но и бесплатна психосоцијална поддршка, потенцираше Цветковиќ. додавајки дека тоа ќе им даде сила на овие жртви успешно да го поминат процесот на добивање на правда.

Огнен Јанески кој на денешната дебата ја имаше улогата на модератор, додаде дека освен во Делчево ваква дебата е организирана и во Свети Николе. 

-Јас подолго време сум во делот на оваа проблематика соработувајки со многу меѓународни организации. Морам да признаам дека од податоците кои ги имаме за 6 земји од Западен Балкан ние имаме многу добра статистичка положба, но фактичката и реалната состојба е многу полоша од она што кажуваат бројките, додаде Јанески.

Освен во канцеларијата на „КХАМ“ во Делчево, бесплатна правна и психосоцијална помош, заинтересираните моѓат да добијат и на телефонскиот број +389 33 413 695.

Видео од настанот ТУКА

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*