Амфенол ги отвора вратите за вработување на лица од Пехчевскиот регион

Жителите од Пехчево и околината ќе имаат можност за вработување во една од најголемите и најуспешните компании – ,,Амфенол Технолоџи Македонија”

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански оствари работна средба со Генералниот Менаџер на ,,Амфенол Технолоџи Македонија” – Сашко Наков.

Целта на средбата е почеток на соработка со една од најголемите и најуспешните компании во државата, а во насока на ублажување на проблемот со невработеноста во Пехчевскиот регион.

,,Амфенол Технолоџи Македонија” – Кочани, е една од најголемите компании од областа на автомобилската индустрија, со над 2 400 вработени од целиот источен регион, а во иднина се планира бројката на вработени да се зголеми на 3000 лица. Во компанијата се работи по врвни светски стандарди, а условите за работа, платите и грижата за вработените се на врвно ниво.

На средбата е изразена добра волја и подготвеност, во иднина ,,Амфенол Технолоџи Македонија” да ги отвори вратите за вработување и на лица од Пехчево и Малешевскиот регион и тоа со обезбеден превоз, исхрана и сите најсолидни услови за работа.

Заинтересираните лица кои сакаат да работат, конечно имаат можност за работа по светски стандарди, а Општина Пехчево и ,,Амфенол Технолоџи Македонија” го означија стартот на соработката за која сме сигурни, дека ќе го реши проблемот со вработување на стотици наши жители и ќе им обезбеди сигурна егзистенција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*