Жители на Митрашинци се запознаа со можностите за работа во Амфенол

Во просториите на ПУ ,,Дедо Иљо Малешевски” во с. Митрашинци, остварена е средба со граѓани кои сакаат да работат во американската компанија ,,Амфенол Технолоџи Македонија”.

Во рамки на настанот беа презентирани условите за работа, можностите за развој и сето она што го нуди компанијата, а присутните имаа можност да добијат одговор на сите прашања.

,,Амфенол Технолоџи Македонија” – Кочани, е една од најголемите американски корпорации, од областа на автомобилската индустрија, со над 2 400 вработени од целиот источен регион, а во иднина се планира да ја зголеми бројката на вработени, на 3000 лица. Во компанијата се работи по врвни светски стандарди, а условите за работа, платите и грижата за вработените се на врвно ниво.

На средбата е изразена добра волја и подготвеност, во иднина ,,Амфенол Технолоџи Македонија” да ги отвори вратите за вработување на лица од Малешевскиот регион и тоа со обезбеден превоз, исхрана и сите погодни услови за работа, со цел да се излезе во пресрет на граѓаните да добијат соодветна работа, а компанијата да добие соодветен кадар.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*