
По семејна расправија која се случила помеѓу брачни сопружници во делчевско село, приведена е триесет и две годишна жена од Република Албанија. Случајот го потврдија од делчевската полиција кои жителката на Република Албанија ја товарат за физички напад врз нејзиниот сопруг.
-Полициски службеници од Полициската станица Делчево на 15.03.22 ја лишиле од слобода С.Ѓ.(32) од Република Албанија, со место на живеење во делчевско село, затоа што околу 18.00 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиниот сопруг, се вели во соопштението од полицијата.
По комплетирање на случајот против С.Ѓ. како што додадоа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Leave a Reply