Делчево има нов шампион – Андреј Митков го освои Европскиот куп во Краљево

Андреј Митков еден од најмладите кик-боксери од кик-боксинг клубот ,,АС” од Делчево го освои Европскиот Куп во дисциплината поинт-фајт (-37кг) за помлади кадети, додека во кик-лајт освои бронзен медал на Европскиот куп кој неделава Два сребрени медали освои и Павел Стојчевски кој тесно загуби во двете финалиња во поинт-фајт (-57кг) за јуниори и кик лајт (-57кг) за јуниори.

Тренерот на делчевските кик-боксери е презадоволен од учинокот на нашите престатвници, бидејки клубот е шесто рангиран од вкупно 14 клубови кои настапија на Европслиот куп во Краљево.

Македонската кик-бокс репрезентација се закити со вкупно 56 медали на Интернационалното отворено првенство кое викендов се одржа во Краљево, Србија.

Македонија на шампионатот во Србија партиципираше со 14 клубови притоа освојувајќи 20 златни одликувања, 22 сребрени и 14 бронзени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*